Пребарувај и резервирај летови онлајн

Нашиот систем за резервации Ви нуди можност онлајн да одберете и да резервирате летови на брз, безбеден и едноставен начин. Системот ве води безбедно, чекор по чекор до Вашата резервацијата. Вашиот „билет„- број на резервација, со кој Вие ќе се обратите до нашиот шалтер на денот кога летате, ќе го добиете, по избор, преку Е-маил или СМС.

> Резервирај сега онлајн!

Contact Center 24 ч
  • Швајцарија
  • +41 44 2211917
  • Германија
  • +49 21 1162503
  • Италија
  • +390 240 708009
  • Белгија
  • +32 2 8080962
  • Франција
  • +33 4 81680184
  • Австрија
  • +43 720 881473
  • В. Британија
  • +44 203 3189435
  • Косово
  • +381 38 222099
  • Македонија
  • +38 92 5111212
  • Шведска
  • +46 40 645 3560
  • Данска
  • +45 70 142 278
  • > Аир Приштина во Вашиот град по локална тарифа

Air Prishtina. Your best way home.

Нашето претпријатие е денес најважниот и водечкиот провајдер на летови со ниски цени и висок квалитет во Косово и кон Македонија. На почетокот, како туристичка агенција Аир Приштина, а од 01-01-2005 како Аир Приштина, претставуваме ние веќе 3 децении доверлив мост меѓу родниот крај и семејството. Нудиме редовни летови, не само од нашето главно седиште во Швајцарија, туку и преку многуте филијали во различни места на Европа. Нашиот врвен стремеж е да ги исполниме на оптимален начин желбите на нашите клиенти во однос на цената и услугата.

Нашата цел исто така е да останеме и понатаму водечки провајдер за етнички летови во Косово и кон Македонија и да ја задржиме оваа позиција и покрај силната конкуренција. Со најдобар избор на партнери гарантираме ние за сите категории на цени висок стандард на квалитет и ја обезбедуваме нашата независност како самостојно претпријатие со силни регионални корени. Доверливи летови, достојни цени и надлежен, пријатен персонал се основите на нашиот долгогодишен успех и на водечката позиција на пазарот.

Од пред многу години соработуваме успешно со реномирани авиокомпании, како што се Swiss, Edelweiss Air или SAS, со што ги обезбедуваме нашите високи стандарди за квалитет, сигурноста и безбедноста. Со новото стратешко партнерство- авиокомпанијата со ниски цени- Бел Аир Европа, се отвораат за нашите клиенти нови врати со постојано ниско ниво на цените на проширена мрежа со директни летови до Приштина од 12 дестинации во Европа и голем превозен капацитет.

Аир Приштина е комбинација на ефективна организација со висок квалитет на советување, грижење и извршување. Нашите повеќејазични соработници, кои се специјализирани за летови помеѓу најважните дестинации во Европа и Косово/Македонија, се вашите контакт-пар тнери за сите можни прашања. Без разлика дали се работи за семејна посета, деловно патување или едноставно туристичко патување, одмор, ние ве советуваме професионално и детално како никој друг.

За да ви го организираме летот на најудобен начин, ние користиме модерни средства за комуникација (телефон, интернет, е-маил, смс) и со тоа ви нудиме обемни сервис-услуги, како што се 24 h Call Center, Web-Check-in и E-билет. Со професионалниот систем за резервација онлајн вие можете на наједноставен начин да го пронајдете најдобриот лет, директно да го резервирате и да го платите на безбеден начин.

Срдечна и искрена благодарност до сите клиенти за нивната доверба во нас. На нашите постојани клиенти, чиј број е во постојано зголемување, им се заблагодаруваме за препорачување на нашите летови. Вашата лојалност кон нашата компанијата, која што го живее пионерскиот дух на Беџет Салаху, ја сметаме како посебно признание.