Пребарувај и резервирај летови онлајн

Нашиот систем за резервации Ви нуди можност онлајн да одберете и да резервирате летови на брз, безбеден и едноставен начин. Системот ве води безбедно, чекор по чекор до Вашата резервацијата. Вашиот „билет„- број на резервација, со кој Вие ќе се обратите до нашиот шалтер на денот кога летате, ќе го добиете, по избор, преку Е-маил или СМС.

> Резервирај сега онлајн!

Contact Center 24 ч
  • Швајцарија
  • +41 44 2211917
  • Германија
  • +49 21 1162503
  • Италија
  • +390 240 708009
  • Белгија
  • +32 2 8080962
  • Франција
  • +33 4 81680184
  • Австрија
  • +43 720 881473
  • В. Британија
  • +44 203 3189435
  • Косово
  • +381 38 222099
  • Македонија
  • +38 92 5111212
  • Шведска
  • +46 40 645 3560
  • Данска
  • +45 70 142 278
  • > Аир Приштина во Вашиот град по локална тарифа

Бонус-програма со картичка „Аир Приштина Кард„

Издавач:
Аир Приштина АД
Сектор за кориснички услуги

Аир Приштина АД (Аир Приштина) е сопственик и издавач на картичката „Аир Приштина Кард„.

За добивање на бонуси, нивно користење и општото спроведување важат следните услови:

1. Право на учество имаат физички и правни лица.

2. Учеството започнува по извршената апликација и по издавање на картичката Аир Приштина Кард. По лице дозволено е само едно конто. Не постои законско право за учеството. Аир Приштина има право, без наведување на причини, да го одбие правото на учество во бонус-програмата на Аир Приштина Кард.

3. Бонус-програмата на Аир Приштина Кард се основа на пресметување на бонусот (рабатот, попустот). За секоја направена дестинација со редовен или чартер лет платен во целост, кој се резервира на оваа веб-страница по актуелната објавена цена, на учесникот му се кредитираат 5% бонус. Висината на бонусот зависи од цената на летот. Во пресметувањето на бонусот не се опфаќаат аеродромските такси и другите такси и даноци. Генерираниот бонус може да се искористи при наредниот лет, при што ќе се одбие висината на бонусот од цената на билетот.

4. Бонусите од други програми не може да се кредитираат во бонус-програмата на Аир Приштина.

5. Генерираниот бонус не е пренослив. Бонусот не може да се надомести во парична форма.

6. Генерираните бонуси му се кредитираат на учесникот само ако докаже дека поседува Аир приштина Кард, односно преку Кол Центар (телефонски центар) го пренесе корисничкиот број од картичката преку телефон. Ретроактивно кредитирање на бонусите (попустите) за веќе направени резервации не е можно.

7. За актуелната состојба на бонусите, учсникот може да се информира онлајн или во Кол Центар.

8. Се забранува продажба, менување или нудење по пат на аукција на трети лица на картичката Аир Приштина Кард. Доколку учесникот ја злоупотреби картичката, Аир Приштина го задржува правото да ја блокира односно да ја повлече картичката Аир Приштина Карф како и да го одбие правото на искористување на бонусот. Сопственик на Аир Приштина Кард е Аир Приштина АД.

9. Доколку генерираниот бонус не се искористи во рок од 24 месеци од соодветниот лет за друга резервација, тогаш тој станува невалиден на крајот на следниот квартал.

10. Аир Приштина го задржува правото да ја запре бонус-програмата на Аир Приштина Кард како таква или пак да ја замени со друга програма. Висината на бонусот (во проценти) може да се измени од страна на Аир Приштина во секое време.

11. Личните податоци кои се однесуваат на учеството ќе се обработат и употребат со цел реализација на програмата.

12. Договорот подлежи исклучиво на швајцараскиот закон. Надлежен суд е Цирих, Швајцарија.

13. Доколку едена или повеќи одредби на овој договор го изгуби/изгубат правното дејство, со тоа остануваат недопирливи другите одредби.

Овие услови важат од 01.02.2012. Ако имате тешкотии во разбирањето на овие податоци, тогаш за помош Ви стои на располагање телефонскиот центар на Аир Приштина, под тел.број +41 44 221 19 17.